Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.
Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.