Во повеќе од 90 проценти од земјите, основните здравствени услуги се нарушени од пандемијата на Ковид-19, се наведува во истражувањето што денеска беше објавено од Светската здравствена организација.
Влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз основните здравствени услуги предизвикува голема загриженост, се наведува во истражувањето објавено од британските медиуми.
Големите здравствени придобивки постигнати во последните две децении може да се избришат за краток временски период, се наведува во истражувањето.
Истражувањето опфаќа одговори од повеќе од 100 земји шро ги давале од мај до јули.
Меѓу најзагрозените услуги биле рутинските имунизации, со 70 проценти, планирање на семејството, со 68 проценти и дијагностицирање и лекување на карцином, со 55 проценти, додека службите за итни случаи се загрозени во речиси една четвртина од земјите.
Најмногу е погоден регионот на Источен Медитеран, што ги опфаќа Авганистан, Сирија и Јемен, а потоа следат Африка и Југоисточна Азија, додека Америка не е дел од истражувањето.
СЗО во истражувањето наведува дека е разумно да се претпостави дека дури и умерено нарушување на основните здравствени услуги може на краток и среден и долг рок да доведе до зголемување на морбидитетот и морталитетот од други причини, освен од Ковид-19.