Светска здравствена организација (СЗО) изрази загриженост поради биолошките ризици во Данска, каде поради масовното ширење на Ковид-19 помеѓу кандаските куни, се спроведува масовна екстерминација на тие животни.

Шефот на секторот за технички прашања во СЗО, Марија ван Керјхова изрази загриженоист поради пренесување на новиот коронавирус од канадските куни на луѓето и укажа дека таквиот ризик е значително помал кај другите животински видови.

– Работиме со нашите регионални центри. Таму каде што има одгледувалишта на канадски куни, се обидуваме да обезбедиме биолошки безбеден процес на екстреминација и да спреиме да се пренесува заразата од животните на луѓето, посочи Керкехова.