Американската актерка Хедер Локлир наполни 59 години. Но, не објави фотографии од прославата или подароци на социјалните мрежи. Се чини дека таа одлучила да го прослави својот роденден тивко и во најблискиот семеен круг.
Со оглед на тоа што зад неа е прилично тешка година, или поточно кажано, тешки години, не е изненадување што Хедер не сака роденденска помпа.
Поминаа времињата кога оваа кревка русокоса со сини очи ја имаше во медиумите благодарение на улогите кои ги играше или во некои убави прилики.
Денес, тоа се повеќе приказни за црната хроника и жолтиот печат.
Не дека Хедер е стара и физички уништена (иако се обидува да ја поправи ситуацијата со ботокс, што не и успева) и дека скоро и да нема трага од убавината по која патеа генерации тинејџери и оние малку постари гледајќи ја во „Династија“ и „Т. H. Хукер “,„ Мелроус Плејс “,„ Сите луѓе на градоначалникот “… Неа ја уништи алкохолот и континуираните битки со свите демони.
Од 2008 година, кратко време откако пропадна нејзиниот втор брак, а кариерата почна да и пропаѓа, Локлир се бори со анксиозност и депресија и повеќепати барала помош од психијатар. Истата година, таа беше уапсена за прв пат за возење под дејство на наркотици, лекови на рецепт.
Потоа, во 2010 година, со својот автомобил удри во сообраќаен знак и побегна од местото на несреќата и заработи прекршочна пријава. Две години подоцна, таа беше пренесена во болница откако и се слошило поради мешавина од лекови и алкохол и сомнеж за обид за самоубиство. Повторно беше хоспитализирана.
Во изминатите пет години, таа три пати беше на одвикнување од алкохол – последен пат на крајот на 2019 година заврши на психијатрија. Тогаш, во објавите на социјалните мрежи напиша дека „се остава во Божји раце“.
Алкохолот очигледно (и според некои извори и опијати) од Хедер го вади најлошото. Кога пие, актерката станува насилна поради што беше уапсена пред неколку години кога пијана ја нападна и ја давеше нејзината мајка Дијана. Исто така, пред две години, таа беше уапсена двапати за возење под дејство на алкохол и расправија со полицајци. И тогаш судот пресуди дека таа мора да биде на лечење од алкохол.
Во февруари 2018 година, заврши во притвор кога се опијани, се скара со момчето Крис Хајзер, и на крајот го избрка од куќата. Кога се појавиле полицајците, таа ги буткала. Во јуни истата година, повторно беше пренесена во болницата, во психијатриска болница, бидејќи наводно се заканувала дека ќе се самоубие.
Таа и Крис се смирија и со нејзината ќерка Ава (22) тој е нејзината најголема поддршка во обидот да си го врати животот во нормала. Со Крис Хајсер, кого го познава уште од средно училиште, е во врска веќе пет години, а зад неа стојат два брака – со тапанарот Томи Ли и гитаристот Рич Сембор, со кого го има единственото дете Ава.
Приватните проблеми и се одразија на работата. Во последните десет, петнаесет години, таа се појавува главно во епизодни улоги во разни серии и во филмови од Б продукција … Некогаш една од најплатените телевизиски актерки, која има собрано цело богатство од актерството, кое денес се проценува на 25 милиони долари, повеќе не е посакуван соработник и тешко може да избере што да работи.
Ова може да се заклучи и од нејзиниот следен проект. Наскоро треба да започне снимањето на хорор филмот „Бордел зомби“ во режија на актерот, продуцент и „телохранител на славните“ Марк Бехар, а во филмот треба да се појави и поранешниот боксерски шампион Флојд Мејведер јуниор