Потрагата по венчаница на Австралијанката, Кајли Мулкахи, и се чинела како кошмар, бидејќи се плашела дека нема да ја собере ниту една со нејзините 120 килограми.
Токму тоа ја мотивирало да го смени својот начин на живот и до венчавката во март 2019 година, таа изгубила над 50 килограми и без проблем влегла во големина 38!
Во битката со килограмите тргнала во 2016 година, кога земала приватен тренер, кој и одредил диета и план за вежбање. Исхраната и се состоела претежно од зеленчук и протеини, а редовно земала протеински шејкови.
Таа изгубила 15 килограми, но вистинскиот губиток започнал дури кога и биле дијагностицирани полицистични јајници.
Нутриционистот тогаш и рекол да ги елиминира млечните производи и глутенот од нејзината исхрана. Тој нов план за исхрана во комбинација со редовно вежбање резултирал со драматично слабеење!
После сето тоа, во 2018 година, таа се упатила по венчаница и ја нашла совршената.
„Моите тетки плачеа кога ме видоа на свадбата во март оваа година“, изјави таа.
View this post on Instagram
When a Bride says she wants to sit down….she sits down! Thanks boys ??? #bestbridalparty