Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека дијалогот со Србија е неизбежен и дека е „време да се остават на страна непријателствата, кои предизвикаа трагедии во Косово“.
Тачи изјавата ја даде на конференцијата на тема „Гласот на народот за „големото финале“ меѓу Косово и Србија“, која се одржува во главниот град на Косово, во организација на Институтот за европски прашаења и развој (РИДЕА).
– Нема сомнение дека доколку оваа година не постигнеме договор ќе влеземе во опасна зона и дестабилизација на регионот. Не можеме да имаме поголеми гаранции од заложбите и пораките на САД, изјави Тачи.
На конференцијата на РИДЕА, на која присуствуваат водачи на косовските институции, партиски лидери и експерти од странство, се презентираат резултатите од испитувањето на јавното мислење во врска со дијалогот во финалната фаза на преговорите меѓу Косово и Србија.