Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска оцени дека само САД можат да донесат договор за меѓусебно признавање меѓу Белград и Приштина и дека сите други напори се залудни.
Тој рече дека со договорот за економска нормализација, постигнат на 4 септември во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го постигнал невозможното, пренесува приштина Коха.
– Претседателот Трамп се потруди да го овозможи тоа. Тој го стори она што другите не го правеа 20 години. Иако може да се види дека економска нормализација може да се случи во Вашингтон, убеден сум дека и политичка нормализација може да се случи, а взаемното признавање може да се случи само во Вашингтон. Другите обиди се залудни. Тие губат време, рече Тачи.
Според него, признавањето на Косово од Израел ќе биде од корист и за земјите од регионот.