Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска одликуваше 39 истакнатите личности во Албанија со високото државно признание на Косово – Орденот на слободата.
Признанието им се доделува за значаен придонес што за Албанија и за Косово го дале во различни временски периоди.
На посебна свеченост одржана во Тирана одликувањата ги добија личности од Академијата на науките, поранешните премиери Александар Мекси, Башким Фино и Фатос Нано, политичарите Кичо Блуши, Паскал Мило, Неритан Цека и други, како и новинари, спортски работници…
На свеченоста Тачи оцени дека „Косово нема да беше слободно, без улогата на Албанија“.
– Успевме првпат да го ставиме во движење НАТО и ова нема да се случеше без придонес и достоинствена улога на Албанија. Затоа, без улогата на Албанија, Косово нема да беше ниту слободно, ниту независно, а без поддршката на Албанија и нашиот пат кон НАТО и Европската унија ќе биде многу тежок. Бевме заедно во најтешките периоди на нашата нација за слобода и независност на Косово. Убеден сум дека ќе имаме заеднички пат и за НАТО и за Европската унија со целосна поддршка на Албанија, рече Тачи.
Тој му се заблагодари на секое албанско семејство за отворените врати и срца кон Албанците од Косово, кои „беа принудени да бидат раселени од етничко чистење и геноцид на Слободан Милошевиќ во Косово“.