Мендух Тачи и Али Ахмети денеска си ги стиснаа рацете и потпишаа предизборна коалиција. Но, не беше секогаш вака. Јавноста се сеќава како со години двајцата беа заколнати непријатели и употребуваа жестока реторика, објавува АЛСАТ.
„Господин Ахмети кој го избра Иванов, ги запостави Албанците во Скопје, Куманово, насилно ги полневте кутиите пред 5 години за да го направите Иванов претседател. Господине Ахмети, кога си искрен, кога ги лажеш Албанците или кога лижеш пред Македонците? Јас сум вашиот кандидат и тука имам тројца противкандидати без карактер – Али Ахмети, Хазби Лика, Џават Адеми, сите до еден имааат фалсификувани дипломи на нивното образование. Како успеавте живеејќи по подруми во Швајцарија, сите до еден да изградите куќи вредни милиони. Го продадовте националниот интерес и си купивте куќи за себе“, рекол во 2014 Мендух Тачи, Претседател на ДПА.
„Али Ахмети, ова е интересно, јас никогаш нема да правам со Али Ахмети, разбирате, Али Ахмети е лидер на криминална група која 18 години ги тероризира Албанците во Македонија“, рекол во 2020 Мендух Тачи, претседател на ДПА, тврди АЛСАТ.