По подолго време, пејачката Татјана Камерон Тајчи пристигна во Хрватска, поточно во Загреб и се пофали со фотографии на Инстаграм.

Кога пристигна во Загреб, се фотографираше на плоштадот Бан Јелачиќ и во Зрињевац, и се пошегува дека сака да одржи концерт.

„Има многу начини на кои можете да отпатувате во Хрватска … Јас сакам да слетам во град каде што, по ноќниот лет, можете да се напиете совршено капучино. Затоа ја одбравме Венеција”, напиша таа на почетокот на патувањето кон родната земја.

Посебно искуство за неа беше посетата на црквата Света Катерина, каде што се венчаше со нејзиниот сега починат сопруг Метју. Со неа, беше нејзината пријателка, која воедно и е и кума  и синовите. „Црквата требаше да биде затворена денеска, но кога пристигнавме, вратата беше отворена и влеговме. Им реков на момчињата дека тоа е црквата во која Матју и јас се венчавме … 4 декември 1999 година ја држев раката на татко ми и се смеев со него пред да тргнеме кон олтарот. Моите синови денеска стоеја додека сама чекорев кон олтарот. Овој пат без татко ми и без сопругот… “, напиша Тајчи.