Уставниот суд на Тајланд нареди расформирање на водечката политичка партија, затоа што како свој кандидат за премиер номинираше член на кралското семејство.
Таи Ракса Чарт партијата на 8 февруари ја номинираше принцезата Уболратана Рајаканја Сиривадана Барнавади, постарата сестра на кралот, за свој кандидат за премиер на претстојните избори на 24 март. Неколку часа подоцна, кралот Маха Ваџиралонгкорн јасно го изрази своето спротивставување на политичкиот ангажман на својата постара сестра, нарекувајќи го „несоодветен“ и неуставен.
Судот исто така им забрани политичка активност на членовите на партискиот одбор во период од 10 години.
Таи Ракса Чарт партијата е поврзана со поранешниот премиер Таксин Шинаватра и нејзиното расформирање ќе ги попречи напорите на партиите кои му се лојални да ја формираат следната влада.
Изборите во Тајланд ќе се одржат на 24 март, и се први од воениот удар во 2014 година. На изборите се гледа како на пресметка меѓу ројалистичкиот премиер Прајут Чан-оча поддржан од армијата и поддржувачите на Таксин.