Канадскиот глумец Елиот Пејџ е прв трансроден маж избран за на насловна страница на списанието „Тајм“. Новиот број излегува в петок, објави издавачот.
Насловницата и интервјуто беа достапни во дигитално издание веќе во вторникот. Пејџ, инаку, беше глумица, по име Елен, која се прослави со филмот „Џуно“, 2007 година. Таа лани официјално си го смени полот и го промени името во Елиот.
Во интервјуто, сега тој тоа го опишува како „чувство на вистинска возбуда и длабока благодарност што може да ја достигне сегашната точка од неговиот живот, со мешавина од многу страв и вознемиреност“. Уште од мала, сакала да си ја крати косата во машка фризура.
– Сакав да станам момче. Ќе ја прашав мајка ми дали тоа би бил јас еден ден?, вели тој.
Актерката Лаверн Кокс е првата трансродова жена што се појави на насловна страница на „Тајм“ во 2014 година.