Магазинот Тајм оваа година за личност на годината го прогласи убиениот саудиски новинар во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, Џамал Кашоги.
Но, Тајм, кој прогласува личност на годината од 1927 година, не секогаш го правел вистинскиот избор. Впрочем, од некои избори, подоцна сигурно се срамел. Па така, на пример, во 1938 година личност на годината бил Адолф Хитлер, а на Јосиф Сталин таа титула му припаднала дури двапати. Првиот пат, во 1939 година, што значи веднаш по годината кога честа му припаднала на Хитлер, а вториот пат во 1942 година.
Личност на годината избира и „Фаненшл тајмс“. Тоа го прави од 1970 година. Оваа година весникот го избра конравертзниот милијардер и берзански шпекулант Џорџ Сорос, одговорен за многу револуции и крвопролевања низ светот. Среќа што Фаненшл Тајмс избира личност на годината од 1970. Ако го правеше тоа од почетокот на минатиот век, ништо чудно таква титула да им дадеше и на Адолф Хитлер и на Сталин, па и на Мусолини. Зошто да не?