Еден од водечките фактори во Арсенал – спортскиот директор Раул Санлехи вечерал со Жозе Мурињо, пренесува „Тајмс“.
Во последниве денови, се зголемуваат шпекулациите за можноста „топџиите“ да се разделат со Унаи Емери, чии неодамнешни резултати предизвикаа незадоволство, а затегнатите односи со некои од ѕвездите на тимот додадоа поголем притисок на Шпанецот.
Од своја страна, Мурињо во неколку наврати се искажа позитивно во врска со составот на „топџиите“ во улогата на експерт во студиото на „Скај Спортс“, а особено за новото пополнување Николас Пепе, кој беше привлечен летово, но досега има проблеми да го покаже неговиот целосен потенцијал.