Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа е силно разочаран од ситуација околу неговиот нов договор со тимот, тврди британското издание „Тајмс“.
Неговиот договор беше до летото оваа година, но раководството на тимот одлучи да ја активира клаузулата за продолжување за уште една година и ако двете страни не се разберат, тој може уште во текот на зимата да парафира прелиминарен договор со некој клуб, а кандидати за неговиот потпис дефинитивно не недостасуваат.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер остварил разговори со голманот во последните денови и го уверил дека тој е суштински дел од неговите планови и истовремено се надева силно дека ќе се дојде до договор меѓу двете страни.
Проблемот за моментов, сепак се парите, бидејќи Де Хеа сака да стане најплатен играч на тимот и да зема плата, која е слична на онаа на Алексис Санчез, но извршниот директор на тимот Ед Вудворд веднаш интервенирал и објавил дека ова е невозможно.