Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон, објавија синоќа лондонските медиуми.

Медиумите наведуваат дека Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.

Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка. Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред.

Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.

Последниот британски премиер кој се венчал за време на својот мандат е Лорд Ливерпул, пред 199 години.