Родителите на деца во Тајван ги обвинија наставниците во предучилишна установа дека ги дрогираат нивните деца, објави „Гардијан“.
Наставниците во приватната градинка „Баорен“, во градот Њу Тајпеј, се обвинети дека ги смирувале децата користејќи сируп за кашлица што предизвикува зависност.
Полицијата започна истрага овој месец откако родителите изразија загриженост дека децата покажуваат невообичаени симптоми, како што се промени во расположението и грчеви.
Осум деца биле позитивни на психоактивни супстанци, фенобарбитал и бензодиазепини. Три од децата имаат симптоми за кои се верува дека се резултат на лекови кои предизвикуваат голема зависност.
Директорот на градинката и пет воспитувачки се уапсени и се чека истрага.
Предучилишната установа добила казна од околу 4.000 евра.