Професор д-р Темелко Ристески, интелектуален угледник во зрелите години на својата кариера, поднесува рапорти што сработил за партијата на власт – пишувал на Фејсбук, објавувал агитациони текстови, дури и телефонски се јавувал кај што треба, објави порталот Офнет.

За да ви се згади, пишува натаму во прилогот, не само од Темелко туку и од оваа држава, тоа го плаќа не некоја партија, туку државата, министерство, ние.

„Како што гледате од документот, најмениот работник Темелко ова коалиционо партиско дело го сработил „за државата“ пред две години. Му платиле ли или уште му должиме на човекот?“- иронично се прашува во прилогот.

За да ви се згади уште повеќе, од овој текст ќе дознаете дека Темелко не е само доктор на правни науки туку и професор по етика.

Прилог за тоа како работел д-р Темелко може да прочитате и ТУКА.