Талат Џафери ја примил Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на СЈО што денеска беше доставена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Кабинетот на Џафери информираат дека Предлогот е пуштен во собраниска процедура и дека дополнително ќе информираат за тоа на која седница ќе биде ставена оваа Предлог-одлука за формирање анкетна комисија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски претходно денеска информира дека поднеле барање за основање на анкетна комисија која би се состоела од претседател и 10 члена кои треба да истражат на што се потрошиле оклолу 15 милони евра во досегашното работење на СЈО. Во анкетната комисија, како што кажа, како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на шведската, американската и холандската амбасада бидејќи овие три држави имаале значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО.