Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески синоќа е спроведен во Прилепскиот затвор за издржување на ефективната затворска казна од 7 години за случајот „Транспортер“. Тој во домашен притвор мина 3 години, со што ќе остане во затвор во следните 4 години.

Талески е спроведен во затворот во Прилеп од вчера попладне, откако Апелациониот суд во Скопје на 28 декември донесе пресуда со која му ја намали затворската казна од 8 на 7 години.

Предметот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, а за овој случај, штетатa од 360 илјади евра, според пресудата треба да се надомести со конфискација на имот.