Талибанските сили сега контролираат 65 отсто од територијата на Авганистан и се закануваат дека ќе заземат 11 провинциски главни градови, изјави денеска висок претставник на ЕУ.
Тој додаде дека Талибанците се обидуваат да го отсечат Кабул од поддршката на националните сили на северот, пренесува Ал Џезира.
Европскиот претставник додаде дека Талибанците не го исполниле ветувањето за постигнување мир за политички договор што ќе овозможи некакво преодно управување со државата.