Талибанците почнаа акција против засолништа на ИД во јужен Авганистан, соопштија официјални лица денеска, по зголемените крвави напади од страна на групата во последните недели.
Операцијата против ИД-К, почна околу полноќ во најмалку четири области на провинцијата Кандахар и продолжи утрото, изјави началникот на провинциската полиција на талибанците, Абдул Гафар Мохамади.
Локалните медиуми цитираа талибански официјален претставник кој рекол дека имало и експлозија во западно предградие на Кабул денеска наутро, но нема жртви.
За три месеци откако талибанците дојдоа на власт, ИД-К е активна во Џалалабад, Кундуз, Кандахар и Кабул. Минатиот месец групата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во Кандахар во кој загинаа најмалку 60 луѓе, а голем број беа повредени.