Промените во начинот на исхрана во светот стигнаа и до стриповите за деца, поточно и до еден од поомилените цртани јунаци – Таличниот Том. Тој, наводно, е веќе веган во својата идна авантура на „Дивиот Запад“.
Во авантурата број 101 – „Ратанплановата барка“, која ќе се најде во продажба наесен, како што најави издавачот, Таличниот Том ќе галопира низ „веганскиот град“. Притоа, каубоецот кој го влече пиштолот побрзо од својата сенка, ќе се најде во средина каде што веќе не се продава животинско крзно, староседелците не ловат бизони и каубојците не јадат месо.
На тој начин, тој во Тексас ќе доживее нова авантура, каде што заштитата на животните е приоритет.
Засега не се соопштуваат повеќе подробности за „веганската авантура“ на Таличниот Том.