Кандидатот за претседател која ја доби поддршката од албанската опозиција, Арбен Таравари, вели дека албанскиот гласачки електорат од 2011 година гласал против ДУИ, но причината за опстојувањето на партијата на Ахмети како што вели ја гледа во разединетата опозиција.
– Опозицијата тогаш не можеше да се обедини, па и во 2016 година, па и во 2020 година. Да бевме Алтернатива, Алијанса и Беса заедно, ќе ја победевме ДУИ. Сега беше моментот и сега е моментот да ги донесеме промените во албанскиот блок, рече Таравари, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Според него неуспехот на политичарите не е неуспех на граѓаните но вели дека сега тие успеале, со исклучок на одредени фракции кои според него ќе побегнат во ДУИ.
Тоа тврди го покажале и нивните анкети, а тоа е дека промената е неизбежна на 8ми Мај.