До крајот на неделата Арбен Таравари очекува да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори меѓу СДСМ и Алијанса договарани, вели за ТВ 24 висок партиски функционер од новото раководство на Таравари.
Според истиот функционер како што веќе објави ТВ 24 министерството за правда фиксно оди во Алијанса, а Таравари ги очекува и здравство и животна средина. Сепак, истиот функционер не сакаше да каже дали Таравари има план Б доколку Алтернатива остане на ставот да не отстапи дури и по цена на напуштање на Владата.
ТВ 24 веќе извести дека освен ресорите во планот на Таравари се неколку заоконски измени кои се однесууваат токму на ресорот правда – ветинг на политичари, судии, безбедносни структури, како и специјалисти од терцијалното здарвство, закон за потекло на имот и конфискација на нелегално стекнат имот.
Во работната група која ќе ги води преговорите освен лидерот, се очекува да се најде генералниот секретар Креанр Лога, потпретседателот Елми Азири како и една од потпреседателките.
И додека Таравари чека понуда од Ковачевски, тој токму за преговорите со Таравари ќе ја информира сопствената коалиција. На третиот коалициски партнер во Владата пак Африм Гаши, Ковачевски ќе му каже дека Таравари може да велзе во валдата дури кога формално ќе почнеле преговори.
– Ние сме партии, вклучително и Алијанса за Албанците за продолжување на европскиот пат на државата, но за програмски и кадровски детали немаме разговарано. Ако влеземе во конкретни разговори, тогаш ќе бидат консултирани и ќе разговараме со коалициските партнери исто како што ги консултиравме кога Алтренатива влегуваше во Влада – изјави Гаши.
И додека Ковачевски тактизира, ни во Алтернатива не седат со скрстени раце. Генералниот секретар Зекирија Ибраими се сретнал со предводникот на огндените огнените Изет Меџити.
Ибраими за ТВ 24 ја потврдува информацијата.
– Средбата беше чисто информативна околу идните позиции на Меџити и неговите истомисленици околлу евентуалното влегување на Алијанса за Албанците во Влада. – изјави Зеќирија Ибраими генерален секретар на Алтернатива.
Ибраими тврди дека не станало збор за сојузништво меѓи Алтератива и огнените, доколку Гаши ја напушти Владата, а огнените веќе кажаа дека се проитив влегувањето на Алијанса во владата, со што ќе се амортизира реално и нивната политичка моќ во ДУИ, но и во Собранието, бидејќи и тие се против влегувањето на Таравари.