Бил опозиција во власта, знаел дека ќе загуби во очите на обичните луѓе поради партнерстовото со СДСМ и ДУИ, ама Таравари сепак решил да стане дел од владејачката коалиција. Причината биле некои релевантни фактори, како што ги нарече лидерот на Алијанса, а главната цел била се спречи предвремено изборно соочување годинава. Градоначалникот на Гостивар како да се кае што е дел од владејачката гарнитура, иако добиле тројца министри, имале и директори, како што самиот се пофали. Таравари со малку и чудни ставови. Влегле во власта знаејќи дека не можат да добијат ништо, ама морале да ги поткрепат уставните измени. Кои се релевантните фактори, странците или некои други – останува мистерија?
-Ние одлучивме пред осум- девет месеци, по барање на повеќе релевантни фактори, да оневозможиме 2023-та да се одржат парламентарни избори и да се даде шанса на уставните промени, т.е. на започнувањето на преговори со ЕУ. И ние да бидам чесен до крај ризикувавме од нашиот кредибилитет, влеговме во една Влада во која секојдневно имаше разно разни скандали, изјави Таравари.
Таравари во Гостивар имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, после која се поставува прашањето дали интегративците и Алијанса можеби ќе настапат заедно на изборите. Таравари вели дека партиското членство е против партнерство со ДУИ, но требало да се направи добра анализа пред конечната одлука. На еден начин бранејќи ја можноста да оди со Ахмети, вели дека при такво сценарио, би освоиле четири петтини од гласовите кај Албанците.