Арбен Таравари, ќе поднесе кривична пријава против Петар Богојески за ширење на омраза, поради статусот во кој Албанците ги нарекува „Шиптари“.
„Правниот застапник на Алијансата за Албанците утре (23.08.) ќе поднесе кривична пријава против Петар Богоевски за сторено кривично дело: „предизвикување омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Тужбата ќе биде доставена до јавното обвинителството во 12.00 часот во Скопје“, стои во најавата на Таравари.
Доколку се види во историјата на промени на статусот на Богојески, тој потоа го сменил терминот „Шиптари“ во Албанци.
Претходно, Мицкоски изјави дека ваквите статуси се недолични.