Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.
За смртта на родилката при породување во кумановската болница не се констатирани пропусти при лекувањето. И во двата случаи имало системски пропусти, недостаток на опрема и немање организиција на итен транспортна пациенти во опасност како што било утврдено на клиниката во Козле. Многу работи не функционираат во здравствениот систем, потенцираше министерот Таравари.