Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 откри дека од денеска започнале формални преговори за ново мнозинство.
„Моменталното владино мнозинство има 62 пратеници, а опозицијата има 58. СДСМ тоне секој ден се повеќе и повеќе. Од урбани општини добија само Центар и Струмица. Од денес почнавме формални преговори. Со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наша работа е да работиме за ново мнозинство“, вели Таравари.