Ниту еден од претседателските кандидати не одговари на поканата на Арбен Таравари за дебата за миграцијата што се одржа денеска во Тетово. Таравари рече дека тој очекувал на дебатата да биде присутен барем кандидатот Албанец Бујар Османи. Според него, незаинтересираноста за вака чувствително прашање докажува дека противкандидатите не нудат решенија за спречување на имиграцијата.
„Всушност, денеска очекував дека барем кандидатот Албанец ќе учествува затоа што сите се иселуваат, но според статистиката што ја имаме, претежно се иселуваат Албанци, па затоа мислев дека денеска тука има место на господинот Османи, пред граѓаните, младите и разните здруженија, да ги покаже проблемите зошто се случува оваа појава“, рече Арбен Таравари, претседателски кандидат на ВЛЕН.
Во дебатата и комуникацијата со граѓаните, Таравари рече дека феноменот на иселување ја променил демографската структура, особено на Албанците во Македонија и дека актуелната власт, која 20 години ги води институциите, не презела ништо да спречи оваа појава.
Впрочем, на поканата на Таравари пред неколку дена се одзва само претседателот Стево Пендаровски, кој му порача дека не може да учествува во функцијата претседател додека официјално не почне кампањата. Останатите кандидати молчеа, како што молчеа и при повикот на Бујар Осман за заеднички ифтар без присуство на Стевче Јакимовски и Билјана Ванковска. Од друга страна, Пендаровски понуди нов модел на претседателска дебата со тоа што предложи две мастер дебати во американски стил на почетокот и на крајот на кампањата. За ваквиот модел се уште не е одлучено, додека за негова реализација, според Пендаровкси, потребен е придонес на сите кандидати и присуство на секој со својата публика./Алсат.мк