По пишувањата на социјалните мрежи дека татко чие дете се лекува во Турција го распродава имотот за да може да биде со своето дете таму, министерот за здравство Арбен Таравари на денешната средба со новинарите децидно повтори дека Владата ги покрива сите трошоци за повредените во пожарот во Кочани, вклучително и трошоците за двајца членови на семејството на секој пациент кој е на лекување во странство.

За сите пациенти, лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти обезбедени се авионски билети за двајца членови на семејството, или ако патувале со автобус или нешто друго, обезбеден е превоз, плус сместување за двајца членови на семејството на секој пациент, за сите кои се здобиле со повреди при пожарот во кочанската дискотека, рече Таравари.

Таравари информираше дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување.

Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на токсикологија и 2 на пластична хирургија, 6 пациенти во Стара г

оментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно 9 пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска, истакна министерот Таравари.

Во однос на пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор, порача министерот.