Aлијанса за Албанците на состанок на Централното собрание попладнево ги финализираше листите со кандидати за пратеници. Лидерот на партијата Арбен Таравари очекува само неговата партија да освои 5 или 6 пратеници, додека коалицијата ВРЕДИ да добие најмалку 15. Во изборната единица број 6, Алијанса ќе стартува со Мимоза Муса, која ќе биде на третото место, Халил Снопче на четвртото и Садик Сулејмани на седмото.
„Во изборната единица број 5 носител на листата ќе биде Салим Сулејмани од Струга, а во изборната единица број 2 втор на листата ќе биде Ријад Шаќири од огранокот во Липково. Во изборната единица број 1 имаме позиција 3 заедно со Демократското движење, заедно ќе именуваме кандидат, а позицијата број 4 е на АА, односно 5 или 6 сигурни места од 15 колку што ќе освои коалицијата ВРЕДИ“, рече Арбен Таравари, Претседател на Алијанса за Албанците.