Познатата ТВ – презентерка Татјана Стојановска вчера по повод Светскиот ден на мајката објави фотографија со својата мајка и покажа од кого ја наследила својата убавина.

Фотката за само неколку часа собра стотици лајкови и коментари, а фановите беа воодушевени од призорот и и порачаа дека крушата под круша паѓа.

Инаку, Татјана веќе долги години е дел од тимот на Канал 5 телевизија, а откако се разведе од фолкерот Благоја Грујовски со кого има син заплови во врска со познат скопски бизнисмен со кого живее заедно.