Татко на две ќерки, љубител на фудбал: Ферди Касо од Гостивар e 15 загинат

/ 16.02.2019

Ферди Касо (39) од Гостивар е последната жртва од тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, каде во попладневните часови на 13 февруари се преврте патнички автобус. Касо е 15 жртва во трагедијата, а на скопските клиники во животозагрозувачка состојба се наоѓаат пет повредени лица.

Како што пренесува „ТВ Шења“, Касо е татко на две деца, љубител на фудбал.

Како што соопшти Министерството за здравство, 15 жртва подлегна на повредите утрово во 5 часот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш е пренесен во болницата „8-ми Септември“, од каде поради сериозноста на повредите уште вечерта е пренесен на КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиниката, поради големото крварење од белите дробови.


Од истата категорија