Потресна приказна од Велика Британија може да се каже дека е вистински кошмар за секој родител.
Бен Калтроп го повикала неговата ќерка, 19 годишната Лара, која од факултет одела накај дома, да ја собере на станица. Неколку минути подоцна одлучила да се фрли под воз, а нејзиниот татко стигнал предоцна. Тој дошол и видел ужасна глетка- неговата ќерка починала.
Лара студирала на Универзитетот на кралицата мери во Лондон, меѓутоа ја паднала првата година. Бидејќи останала да живее со пријателите во Лондон, направила големи долгови.
Таа кобната вечер излегла со пријателите на пијачка, а потоа му се јавила на нејзиниот татко, да му каже дека доаѓа дома. Дошла со такси до станицата, а татко и тргнал да ја пресретне. Ја барал, но таа не му се јавувала. Кога стигнал на станицата, 33 минути подоцна, полицијата му соопштила ужасни вести.
The family 19 y/o Lara Calthrop who died at #Hildenborough railway station last year- have paid tribute to her- describing her “as kind and always smiling” #HeartNews pic.twitter.com/3xOO9BPhOi
— Kent News (@HeartKentNews) January 17, 2018
Нејзината мајка Дебора Калтроп вели дека се уште се носат со шокот и неверицата поради она што го сторилаЛара. Сега сака да ја подигне свеста за тој проблем.
-Разговаравме со неа секој ден и не можеме да прежалиме што нас не ни се отвори за проблемите со кои се соочува. За нас тие проблеми беа решливи, но 19 годишната девојка не размислува како возрасните. Лара нас ни беше прво дете, ја сакавме безусловно и се би направиле да и помогнеме, раскажува таа.