Американецот Фернандо Балбуена (45) со ќерката Ферни (5) во прегратка, скокна под возот во понеделникот на железничката подземна постојка во Њујорк.
Тој починал на лице место, а детето за чудо преживеало без повредени.

Застрашувачката сцена што ги запрепасти сите присутни се случи за време на утринскиот шпиц на една станица во Бронкс. Сведоците велат дека Балбуена, држејќи ја малата Ферни во рацете, скокнал пред возот број 4, кој пристигнувал на станицата. Присутните занемеле, мислејќи дека мажот се самоубил себе и детето, а потоа го слушнале девојче како под воз го довикува нејзиниот татко.

Цезар Домингез (29) и Џаиро Торес (36), кои чекале превоз, веднаш скокнале на шините за да му помогнат на девојчето. „Кога го слушнав малото девојче како викаше по татко и, како да ја слушнав ќерка ми“, вели Домингез, кој е татко на шест деца.

Тој додаде дека никој не го турнал Балбуена, ниту случајно паднал, туку скокнал под возот со намера да се самоубие со се детето.

Торес вели дека на почетокот бил парализиран, но дека штом го слушнал плачот на девојчето, веднаш скокнал за да помогне.

„Видовме две тела како лежат под возот на шините. Го прашавме девојчето дали може да се помести, а таа ни ја подаде раката. Си помислив: „Фала му на Бога, таа е жива и се движи“, рече Торес.

Детето веднаш било пренесено во блиската болница и по деталните прегледи било пуштено дома.

Балбуена ја повикал својата сопруга Нијурка Карабало неколку минути пред да се самоубие и се збогувал со неа. „Тој и рекол: Збогум. Чувај ги децата“, изјави пријателот на Фернандо и Нијурка, Луис Санчез.

Тој додаде дека сопругата веднаш не разбрала што зборува нејзиниот сопруг, но знаела дека нешто не е во ред. „Таа веднаш се стрчала кон станицата, каде го пронајде мртвото тело на нејзиниот сопруг и нејзината ќерка како плаче“, вели Санчез.

 

Подоцна Нијурка изјавидека е благодарна на Бога што нејзиното дете е добро, опишувајќи го својот покоен сопруг како добар татко. „Тој беше вистински ангел, но се бореше со депресија. Не знам што му минувало низ главата во моментот кога скокнал под возот со детето. Тој многу го сакаше нашето мало девојче “, рече очајната жена.