ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава.
Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за патниците.

Повеќето од инвестициите направени досега оваа година на скопскиот аеродром се за подобрување на аеродромските услуги, комерцијален развој и технолошка модернизација.
-Следејќи ги четирите стратешки столба на нашата матична компанија ТАВ Аеродроми, членка на француската групација АДП – гостопримство, почит, дигитализација и одржливост, нашите инвестиции на скопскиот аеродром оваа година имаат за цел да обезбедат функционален, модерен и пријатен аеродром кој ги следи најновите стандарди од индустријата и очекувањата на патниците. ТАВ Македонија, заедно со своите сестрински компании: ВТА (храна и пијалоци), ATU (бесцарински продавници), ТАВ МОС (комерцијални услуги) и ТАВ Технолоџис (ИКТ услуги), воведоа многу новини во областа на заминувања, на излезите: работни катчиња со станици за полнење на мобилни уреди со бесплатен Wi-Fi; подобрена удобност со нови столици и фотељи за одмор; подобрени информативни знаци за патниците; нови големи монитори со информации за летовите, интерактивни киосци кои служат како водич за патниците, нов ресторан – Need Stop, нова бестселер бесцаринска ново детско катче, станици за вода за пиење. Сите ови новини се оказ за посветеноста на нашата групација кон квалитетот на услугите и нашиот стремеж кон високо задоволство на патниците. Особено сме задоволни што секоја надградба на услугите веднаш носи позитивни резултати, попријатна атмосфера и подобро искуство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај инвестициите во зоната на излезите на скопскиот аеродром, Курт ги нагласи и инвестициите направени во надградби на техничките системи, опремата за земјени операции и опремата за терминалната зграда, со цел да се постигне зголемена оперативна ефикасност на скопскиот аеродром.
-Претходно споменатите инвестиции се нови карактеристики за подобрување на искуството на патниците, што ги прави многу видливи за сите. Сепак, во 2025 година направивме и други инвестиции, фокусирајќи се на надградби на техничките системи и нова опрема за земјените операции на аеродромската платформа, како и процесите во терминалната зграда, кои се повидливи за авиокомпаниите како наши директни клиенти. Дел од новата опрема што ја купивме која се користи на платформата на скопскиот аеродром се најсовремено противпожарно возило, разна опрема за земјени операции со авиони, потоа нови паркомати за самоплаќање, возило за брза помош за нашата медицинска служба, а исто така направивме и проширување и адаптација на чеканата за патниците пред пасошка контрола, објаснува Курт.
Новиот ресторан за храна и пијалаци на ВТА, Need-Stop, се наоѓа на 320 квадратни метри и со својата проширена понуда од 65 отсто веќе привлекува многу патници додека чекаат на излезите.
Новата бестселер продавница на ATU се наоѓа на 125 квадратни метри и го привлекува вниманието на патниците со својата специфична понуда што опфаќа претежно локални, македонски брендови.

Паралелно со инвестициите на скопскиот аеродром, на охридскиот аеродром се спроведуваат подготовки за нови развојни проекти, кои се во административна фаза, со фокус на подобрување на оперативните процеси, услугите за патниците и визуелниот дизајн на аеродромот.
Според Курт, сите инвестиции досега веќе донесоа значаен промени и подобро секојдневно патничко искуство.
Како што потенцира тој, ТАВ Македонија, со поддршка на својата матична компанија – ТАВ Аеродроми, членка на француската групација АДП, ќе продолжи да се фокусира на подобрување на двата македонски аеродроми за да ги направи уште поимпресивни, помодерни и препознатливи по нивните врвни услуги.




