По кратко и тешко боледување денеска во Скопје почина новинарот Марјан Блажевски.

Тој е долгогодишен новинар, а најголемиот дел од својата новинарска кариера го помина во весникот „Дневник“.

По уништувањето на „Дневник“ и другите весници од МПМ, Блажевски беше ангажиран во порталот „Фактор“.

Колегите новинари кои работеа заедно со прерано починатиот Блажевски ќе го паметат како добар професионалец и колега, а читателите по неговите текстови на економски теми.

Погребот е утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Нека почива во мир!