Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека појавата на новите варијанти на Ковид-19 покрена прашања дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни и против нив.
Тој рече дека загрижувачката информација е дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против мутацијата откриена во Јужна Африка.
Тедрос додаде одлуката на Јужна Африка да ја прекине кампањата за вакцинација со вакцината АстраЗенека е потсетување дека мора да сториме се за да ја намалиме циркулацијата на вирусот со докажани мерки за јавно здравје.
Тој ги повика производителите да бидат подготвени брзо да ги прилагодат своите вакцини за да бидат ефикасни.