Репрезентација на Аргентина одигра нерешено 2:2 на пријателски натпревар со Уругвај синоќа во Тел Авив.
Уругвајците беа на прагот да слават победа, но фудбалерот на Барселона, Лионел Меси со гол од пенал во судиското надополнување ги постави конечните 2:2.
Претходно Меси му асистираше на Серхио Агуеро (63. минута) за во тој момент 1:1.
Головите за Уругвај ги постигнаа Едисон Кавани во 34. и Луис Суарез во 68. минута.