Ситуацијата во Источниот Медитеран, одлуката на Турција за Света Софија, како и билатералните односи биле темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и рускиот претседател Владимир Путин, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на комуникацијата, разговараа за билатералните односи, ситуацијата во Источниот Медитеран и поширокиот регион и прашањето со претворањето на Света Софија во џамија, факт што претставува провокација за православниот свет, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер за телефонскиот разговор Мицотакис- Путин.