Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.
Според Зеленски, разговорот со Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“.
Елисејската палата соопшти дека Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“.
Макрон и Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија.