Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за „локдаун“, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули, објави „Телеграф“.
Премиерот Борис Џонсон уште во петокот истакна дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лицаи со коронавирус не се намалува.
Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила се додека во Владата не бидат сигурни дека програмата за вакцинација делува на спречување на ширењето на епидемијата.