Сезоната на земја е одложена, потврдија од АТП. Причината за ова е пандемијата на КОВИД-19. Професионалниот тенис ќе биде обновен најрано на 8 јуни 2020 година кога ќе започнат натпреварите на трева.
Отвореното првенство на Франција требаше да се одржи помеѓу 24 и 7 јуни, а новите датуми беа објавени вчера за евентуално одигрување – 20 септември-4 октомври.
Традиционално, сезоната на земја завршува со финалето на Ролан Гарос во Париз. Во јуни, стартува сезоната на трева за мажи и жени пред Вимблдон. Турнирите во Лондон, Штутгарт, Истбурн, Хале, Мајорка и Хертогенбош треба да се одржат во истиот месец. Отвореното првенство на Велика Британија треба да започне веднаш по нив.
– Внимателно ја испитавме тековната состојба, имајќи го предвид КОВИД-19. Сите турнири за земја на АТП и ВТА се откажани оваа пролет. Тука се вклучени машките и женски турнири во Мадрид и Рим, Минхен, Есторил, Женева, Стразбур, Рабат и Лион, соопштија денеска од АТП.
Светската ранглиста кај мажите и жените ќе биде замрзната за време на периодот, во кој не се спроведуваат турнири.
Вимблдон 2020 се очекува меѓу 29 јуни и 12 јули.