Европската унија ги повика Русија и Украина на максимална воздржаност за да се смири ситуацијата во Црното Море. Во соопштение се нагласува дека од Русија се очекува да овозможи слободно преминување низ Керчовиот проток.
Украина вечерва соопшти дека руската крајбрежна стража запленила три нивни бродови откако врз нив претходно отвориле оган.
Руската Федерална служба за безбедност потврди денеска дека нејзини бродови од гранична патрола заплениле три украински бродови во Црното Море кај Крим и употребиле оружје за да ги присилат да запрат.
Во инцидентот се повредени тројца украински војници. ФСБ наведува дека дејствувале затоа што украинските бродови илегално влегле во територијални води на Русија игнорирајќи предупредување да запрат.
Тие тврдат дека имаат докази дека Украина е одговорна за судирите меѓу руски и украински бродови во Црното Море.
Киев од своја страна, разгледува можност за воведување воена ссотојба и го повика Советот за нацонална безбедност за да го разгледа тоа прашање. Тоа го изјави Александар Турчинов, секретар на СБ на Украина.