Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот бидејќи британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста од воведување санкции кон Техеран, како одговор на тоа што Иран заплени британски танкер со нафта во Ормутскиот теснец.
Велика Британија претходно запленетиот танкер во Ормутскиот теснец го нарече „непријателски чин“
Бединеџад на Твитер објави дека „ Британија мора да ги смири оние политички сили кои сакаат ескалација на тензиите, многу поголема од прашањето на запленувањето на танкерот“, како и дека „моментумот во регионот е многу опасен и чуствителен“ и дека „Иран е подготвен на различни сценарија“, јавија британските меидуми.
Британскиот министер за одбрана Тобијас Елвуд не ја исклучува можноста од воведување санкции кон Техеран.
-Сега мораме да се погрижиме да го решиме прашањето на запленетиот брод и да овозможиме бродовите под британско знаме безбедно да пловат во овие води“, рече Елвуд за „скај њуз“.
Тој додаде дека се разгледуваат различни одговори кон Техеран , меѓу кои се и санкциите и дека Лондон за тоа ќе разговара со сојузниците.
Британскиот шеф на дипломатијата Џереми Хант синоќа во телефонски разговор со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф изрази „екстремна разочараност“ заради запленувањето на танкерот со нафта во Ормутскиот теснец, додека Зарафи му пренел дека танкерот ги прекршеиол поморските правила и дека мора да мине предвидениот правен процес.
Иранската Револуционерна гарда во петокот го пресретна и заплени танкерот „Стена имперо“, додека на него се наоѓаа 23 членови на екипажот, а во меѓувреме Иран сооошти дека сите морнари се добри.