После нападот на еден од кандидатите за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, упатен кон неговиот противкандидат Венко Филипче, дека старите луѓе треба да си заминат од партијата бидејќи народот не може да ги гледа, со реакција се јави градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.
Во својот пост на социјалните медиуми, Костадинов жестоко го нападна Деспотовски, нагласувајќи дека ваквите потези претставуваат навреди и шиканирања. “Другарите кои сакаш да ги водиш, не можеш да ги навредуваш и шиканираш. Бидејќи тие не се твоја сопственост. Тие се твоето богатство и сила!”, истакна Костадинов.
Меѓутоа, само 10 часа по неговата реакција, граѓаните на социјалните медиуми упатија жестоки зборови кон Костадинов, обвинувајќи го дека како потпретседател на СДСМ е директно одговорен за изборната катастрофа на партијата на изборите во мај 2024.
Еве дел од реакциите на граѓаните упатени кон Костадинов:
“Pero Kostadinov прашувам што правевте вие овие 7-8 години, не како градоначалник туку како потпретседател на СДСМ. Ако не бевме шиканирани, ако ви бевме битни, ако прифатевте барем по една порака напишана од членството од илјадници немаше да дојдеме до ова дереџе. Како млад човек кој го почитувам и кој е функционер не заземај страна, правиш полошо… Сватете оти треба промени од корен а не напаѓање еден со друг посебно од вас кои бевте во раководството на Централно ниво за време на ова цунами… Со почит.”
“Перо, погледни ги резултатите. Да го почитувавте членството тие ќе беа сосема поинакви. Се навредувате за односот и критиката на Вашите партиски другари. Добро, знаете ли како од друга страна се чувствува членството кое е надвор од Вашиот делокруг со позиции? Ете затоа се губат избори.”
“Никогаш не сум те видел во Прилеп, абер немав ни дека си СДСМ, абер немав ни какви активности си имал, нит сум те видел нит сум те познавал. По 4 изборни цисклуси кога членството гласа против такви како тебе опнуваш статус за некакво шиканирање?! Многу перфидно од твоја страна, срамно… безобразно.”
Со овие нови реакции и зголемување на тензии, раздорот во СДСМ станува се поизразен. Партиискиот конфликт помеѓу кандидатите за лидерската позиција, Деспотовски и Филипче, само ја продлабочува кризата во партијата која се соочува со историски најлоши изборни резултати и можен распад на најмалку три фракции.
Јавноста со нетрпение очекува како ќе се развиваат овие случувања и какви ќе бидат следните потези на клучните фигури во СДСМ, кои треба да се справат со овие внатрешни конфликти и да ја стабилизираат партијата.