Судијата Златко Теофиловски, кој денеска сам се пријави во судот, го загуби судскиот имунитет, но сепак, нема да оди во притвор, одлучија попладнето неговите колеги од Судскиот совет, чиј член е и осомничениот судија.
На затворена седница, која траела околу два и пол часа, членовите на Судскиот совет одлучиле да му го одземат имунитетот на нивниот колега Теофиловски. Дополнително, во кусото соопштение, наведуваат дека донеле решение со кое не одобруваат определување на мерка притвор за Теофиловски, поднесено од судија за претходна постапка на Кривичниот суд.
Тој е првоосомничен за веќе познатиот случај во тетовско, каде наводно незаконски легализирал, а потоа и отуѓил државно земјиште, со што направил штета на државата од околу 860.000 евра.