Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна тензично, со физичка пресметка меѓу пратеници на опозицијата и на мнозинството.

Расправијата ескалираше кога пратеникот Бледион Налбати од Демократската партија, физички го нападна Вулнет Сина од Социјалистичката партија, пишува „Косова прес“.

Претседателката на Собранието, побара од пратениците на Демократската партија да седнат на свиоте места и седницата да се одвива нормално, но тие продолжија со собирање и блокирање на говорницата, пренесува медиумот.

Обезбедувањето веднаш беше распоредено околу говорницата.

Во меѓувреме, Собранието презеде мерки против пратеникот на Демократската партија, Бледион Налбати, и му нареди да ја напушти собраниската сала, но тој одби.

Откако состојбата стана уште потензична, претседателката на Парламентот ја прекина седницата, исто како и претходната, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на Владата, според медиумот.