Утринава во Лидл Лесковац е снимена нова тажна ситуација кога муштериите, главно пензионери, се тепале за свинска плешка од 400 динари на распродажба, па дури почнале да се удираат со чадори, пишува сајтот Решетка.
– Работата е што не само што беше евтин, туку беше ограничен на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку всушност „добро“ живееме – коментира читателка на Решетка, која е и автор на ова видео.
Во второто видео, покрај генералниот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени како се борат меѓу себе со чадори.
Пред само неколку дена во белградски Лидл дојде до судир на повозрасни граѓани поради распродажба на ќебапи.